Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)

Кој не посакува да има тело како Том Дејли кога ќе пристигне летото?

23-годишниот британски скокач во вода лансираше серија видеа со вежби за тренирање. А најдоброто од сѐ е што овие вежби можете да ги направите дома, во хотел, во парк, на работа, каде и да се наоѓате. Единствено нешто што ви треба е штоперица, но и тоа го имате на вашите паметни телефони.

Двократниот добитник на бронзен медал на Олимписките игри вети ново видео секоја недела. Сега немате изговори, фатете се за вежбање.