Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)

Британецот Том Дејли се врати дома со нов златен медал. Скокачот во вода го освои својот прв самостоен златен медал во последните осум години.

23-годишниот Дејли во саботата победи во финалето на Светското првенство во водени спортови во Будимпешта, во скок од 10-метарска платформа.

Дејли, кој во мај стапи во брак со сценаристот Дастин Ленс Блек, победи со резултат 590.95, пред олимпискиот шампион Чен Ајсен од Кина (585.25).

На Олимпијадата во Рио 2016, Дејли беше елиминиран во полуфиналето.

Својата прва светска титула ја освои во Рим во 2009 година, на 15 години.