Дома Спорт

Тонганскиот олимписки пливач Амини Фонуа за претставувањето земја каде е нелегално да си геј

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Амини Фонуа (Фото: Daniel Jaems/Attitude)

Покрај поставените 27 светски и 91 олимписки рекорди, Олимписките игри во Рио во 2016 година беа одбележани со најголемиот број на јавно декларирани ЛГБТ+ спортисти кои се натпреваруваа во историјата на Олимпијадата.

27-годишниот пливач Амини Фонуа беше еден од нив.

Како еден од ретките ЛГБТ+ спортисти кои претставуваат држава во која хомосексуалноста е нелегална, неговото учество беше особено значајно.

Амини Фонуа (Фото: Daniel Jaems/Attitude)

Во летното издание на магазинот „Attitude“ – достапно за преземање – Амини, кој стана првиот пливач од Тонга кој освои златен медал во меѓународен натпревар во 2010 година и го носеше знамето на Тонга во Лондон во 2012 година, зборува за неговиот комплициран однос со татковината и за надежта дека неговиот успех ќе инспирира нова генерација на геј спортски ѕвезди.

„ЛГБТ+ зедницата заврши одлична работа во напредувањето во секоја кариера. Спортот е последната граница која треба да ја освоиме. Ја освоивме уметноста, модата и бизнисот. Ова е последната граница“, вели спортистот. Иако честопати помислува на недостигот од ЛГБТ+ права во Тонга, Амини никогаш не дозволил загриженоста околу поддржувачите во Тонга да се рефлектира на неговите перформанси или на неговата посветеност на националниот тим.

Амини Фонуа (Фото: Daniel Jaems/Attitude)

„Дали чувствувам дека преставувам земја која не е прогресивна? Не, бидејќи го разбирам верскиот контекст и како тоа е врежано во законодавството, а нешто како истополов брак би било голем проблем во место како Тонга“, вели Амини.

Спортистот, кој е роден и пораснат во Нов Зеланд, но во својот живот останал длабоко инволвиран во тонганската култура, објаснува: „Тоа е многу хетеронормативно општество, и можеби го презирам тоа. Но, дали сум гневен на фактот дека е хомофобично? Не, бидејќи моето искуство додека растев беше сосема поинакво. Бев навистина среќен да растам подалеку од таа ужасна, понекогаш деструктивна страна на црквите. Додека растеш… најважните нешта кои ги учиш се прифаќањето… и љубовта и толеранцијата кон луѓето. Верувам дека тоа го извлеков од моето религиозно искуство“.