Дома Вести Прајд

Tрансродовата заедница во Брајтон одржа парада барајќи унапредување на правата на транс луѓето

Протестна парада на трансродовата заедница во Брајтон, 22 јули 2017 (Фото: TransPrideBrighton/Twitter)

Ниту дождот не ги поколеба трансродовите лица и нивните сојузници со полна пареа да маршираат низ улиците на Брајтон во саботата. Се верува дека околу 2.500 луѓе зедоа учество на протестната парада за трансродови права.

Учесниците марширале низ улиците на Брајтон и долж морскиот брег за да стигнат до главното одредиште, паркот Брансвик каде се одржале говори.