Германскиот бодибилдер и модел Бенјамин Мелзер влезе во историјата како прв трансродов маж кој ќе се најде на насловната страница на еден машки фитнес магазин во Европа. Мелзер ќе се појави на насловната на априлското издание на германскиот „Men’s Health“, следејќи ги стапките на Ајдијан Даулинг, кој се појави во американското издание на магазинот минатата година.

Trans Model Graces Cover Of ‘Men’s Health’Meet the transgender fitness model who’s about to be a Men’s Health cover star

Posted by NowThis on Friday, 5 February 2016

„Започнав со транзицијата на возраст од 23 години и отсекогаш имав пасија за фитнесот, но поради операциите ми беше тешко да ја постигнам својата цел“, Бен – чие родено име е Ивон – изјави за Towleroad. „По три години кончено сѐ се заврши и почнав да се концентрирам на тренингот и исхраната.“

Тој се надева дека ќе инспирира други трансродови луѓе да ги постигнат своите соништа. „Ова сум јас и многу сум среќен со она што станав. Мојата внатрешност и мојата надворешност конечно си одговараат и токму затоа воопшто не се срамам да зборувам за тоа“, вели тој. „Многумина ме прашуваат: зошто го правиш ова, зошто отиде јавно и ја раскажа твојата приказна? Но тоа е лесно да се одговори. Кога јас бев во таа ситуација, немав никого за да разговарам, никого за да му ги поставам сите овие прашања. Токму тоа сакам да го направам. Сакам да ѝ дадам лице на трансродовата заедница, да застанам и да им ги одговорам на луѓето сите тие прашања. Ако постои барем едно лице на кое можам да му помогнам, тогаш ќе успеам“, додава Мелзер.