Дома Вести Свет

Трансродово лице направи историски чекор во Непал, кандидирајќи се на локалните избори

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Фото: Aanik Rana Magar/Facebook
Skopje Pride Weekend 2017

Аник Рана е првото трансродово лице што се кандидира за јавна функција во нејзиниот град во Непал. Рана се надева дека ќе биде избрана за претседавач на осмиот округ на општината Тилотама, град во западниот дел на Непал.

Рана, инаку, е социјален работник и граѓански активист за човекови права. Во изборната трка влегува како кандидат на непалската партија Нова сила.

Фото: Aanik Rana Magar/Facebook
Skopje Pride Weekend 2017

Без разлика дали ќе победи на изборите кои ќе се одржат на 28 јуни, таа за Pahichan изјави дека нејзината номинација веќе претставува победа, бидејќи преку неа се зголемува видливоста на трансродовите луѓе во оваа земја.