Дома Вести Прајд

Тринаесет илјади учесници на ЛГБТ+ парадата на гордоста во Солун, меѓу нив и градоначалникот

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Фото: Thessaloniki Pride/Facebook

Повеќе од 13 илјади луѓе во саботата зедоа учество на Парадата на гордоста во Солун, за време на која е забележан и помал инцидент, кога група од 25 лица се обидела да ги спречи учесниците да поминат, но полицијата ги отстранила, пренесува српската новинска агенција Танјуг. Инцидентот се случил кога учесниците на парадата стигнале до улицата Цимики, наведува АНА.

Учесниците на парадата се собрале кај Белата кула, еден од симболите на Солун, и поминале низ главната улица на градот, за повторно да се вратат на збирното место. Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис го поздрави одржувањето на парадата и маршираше заедно со ЛГБТ+ заедницата и останатите учесници, а присутни биле и уште неколку пратеници.

Организаторите тврдат дека бројот на учесници оваа година во голема мера го надмина бројот од 2016 година. Со парадата беше заокружен четиридневниот фестивал, кој беше одржан под слоганот „Прашање е на образование“.

Прекрасната атмосфера на парадата на гордоста ја доловуваат фотографиите во репортажата на LiFO. Во продолжение погледнете кратко видео.