Дома Забавна индустрија

Втората половина од оваа година е исполнета со возбудливи филмски и телевизиски наслови

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Езра Милер, Бен Афлек и Гал Гадот во „Лига на правдата“ (Фото: Clay Enos/DC Comics/Warner Bros.)

Изминатиот викенд беше исполнет со најави за филмските и телевизиските проекти кои следуваат во претстојниот период. Новините се однесуваат на веќе познати наслови, како и на нови остварувања кои допрва ќе ги видиме.

Рајан Марфи го потврди насловот за седмата сезона на „Американска хорор приказна“, и гласи „Култ“. Серијата се враќа на екраните на петти септември.

Погледнете ги во прилог тизерите кои го најавуваат хоророт што следи.

Фокусот во новата сезона ќе бидат претседателските избори во САД во 2016.

Во неа повторно ќе ги гледаме Еван Питерс, Сара Полсон и Шајен Џексон, но и нови ликови како Лина Данам, Колтон Хејнс, Били Ајкнер и Били Лурд.

Новите епизоди од серијата „Чудни нешта“ пристигнуваат на 27 октомври.

Омилените херои од „Лигата на правдата“ се враќаат во кината во ноември.

Погледнете ги Кејт Бланшет, Марк Рафало, Том Хидлстон и Крис Хемсворт во трејлерот за „Тор: Рагнарок“. Премиерата на филмот е на трети ноември.

Сите епизоди од Марвеловите „Бранители“ ќе бидат достапни на 18 август.

Од Тод Хејнс, режисерот на ремек делата „Далеку од рајот“ и „Керол“, есенва пристигнува филмот „Собата на чудата“, со Џулиен Мур и Мишел Вилијамс.

Ванеса Морган ќе се приклучи на актерската екипа на американската серија „Ривердејл“, каде ќе толкува бисексуален лик по име Тони Топаз.

Актерот Ентони Рап најави дека двајца ликови од серијата „Ѕвездени патеки: Дискавери“ ќе имаат истополова романса. Едниот лик, секако го игра Рап, додека неговиот љубовник на малите екрани ќе биде актерот Вилсон Круз.

И креаторите на „Си беше еднаш“ најавија геј лик во новата, седма сезона.

За крај, не заборавајте да ја следите седмата сезона на „Игра на тронови“.