Романтичната видео снимка од двајца билдери кои се верија во теретана многу брзо го обиколи светот. На видеото се гледа како Нико Мартина го запросува својот дечко Мајкл Синклер во теретана. Впрочем, тие двајцата се запознале во теретана, па така тоа изгледало како идеално место и за запросување.

„Мајки и јас се запознавме во теретана точно една година пред да го запросам“, изјави Нико за HowHeAsked, каде сподели повеќе детали за нивната историја.

„Двајцата бевме премногу срамежливи така што доста време помина пред да соберам храброст за да му пријдам. Кога конечно излеговме на прв состанок, се чувствував фантастично поради поврзаноста која веднаш се воспостави помеѓу нас. Ме собра после работа, отидовме во супермаркет и купивме храна која заедно ја подготвивме кај него: и двајцата зад себе имавме долги врски кои ништо не ветуваа. Со Мајкл од првиот момент беше фантастично и таа искра никогаш не згасна туку стануваше сѐ посилна и посветла.“, додава Нико.

Нико и Мајк (Фото: Nico Martina/Facebook)

Погледнете го во прилог видеото кое го полуди целиот романтичен свет.