Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)

Подгответе се за враќањето на ТВ серијата „The L Word“ (Зборот на буквата Л).

Според магазинот Variety, во моменот се работи на развивање на приказната за продолжението на квир серијата, а и HuffPost ја потврди информацијата.

Дека тоа навистина ќе се случи потврдија Deadline, Hollywood Reporter, Rolling Stone и многу други, така што бидете сигурни дека „The L Word“ се враќа.

„The L Word“ се прикажуваше во периодот од 2004 до 2009 година.

Тоа беше една од првите серии каде беа застапени квир жените.

Иако продолжението во фокусот ќе има нова приказна и ликови, Buzzfeed известува дека многу од првичните членови на актерската екипа се ангажирани на проектот во некое својство, вклучително Џенифер Билс, Кетрин Монинг и Лиша Хејли кои покрај тоа што ќе бидат извршни продуцентки, ќе ги репризираат нивните улоги, Бети, Шејн и Алис. И други членови на актерската екипа можеби исто така ќе се вратат. Ајлин Чејкен, која е креаторка на „The L Word“, наводно би требало да биде извршна продуцентка на серијата.

Неодамна, Чејкен, Билс, Монинг, Хејли и другите се обединија повторно за специјалното ЛГБТ+ издание на Entertainment Weekly. Во продолжение погледнете неколку инсерти од нивната средба и разговорите со нив.

Сѐ уште е рано да се шпекулира за датумот на премиерата. Непознато е и преку кој телевизиски канал ќе можеме да ја следиме серијата кај нас, но можно е тоа да биде Fox Life каде претходно беа емитувани минатите сезони.