Меѓународниот ден против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата (17 мај), секоја година се одбележува ширум светот. Темата е позицијата, предизвиците и проблемите со кои се сретнуваат младите ЛГБТ+ луѓе. Во нашата држава планираните активности по повод овој ден беа претходно откажани од организаторите на настаните поради актуелната политичка ситуација.

На денешниот граѓански протест пред Владата може да се забележат, покрај знамињата на националностите, и виножитнто знаме на ЛГБТ+ заедницата.

Знамиња со боите на виножитото се веат на протестот пред Владата на Р.М. (Фото: Bekim Asani via Facebook)
Фото: Bekim Asani via Facebook

Досега, ниеден политичар или политичка партија нема упатено порака со која ќе се повика на толеранција, недискриминација и еднаквост без оглед на сексуалната ориентација или родовиот идентитет на граѓаните.

Знамиња со боите на виножитото се веат на протестот пред Владата на Р.М. (Фото: Peter John Bosse via Facebook)
Фото: Peter John Bosse via Facebook